Top Sport

Тежок пад на Квартараро во Арагон

Третиот слободен тренинг во пресрет на Големата награда на Арагон, на кој најдобар резултат забележа Франко Морбидели, го обележа паѓањето на неговиот колега од Петронас Јамаха, Фабио Кваратараро.

Францускиот возач, кој е лидер во генералниот пласман, во еден момент беше буквално фрлен од моторот на патеката „Моторленд“. Квартараро по падот лизгаше по патеката. Извесен период не можеше да стане, а откако успеа да стане со помош на медицинските лица забележливо беше дека тешко се движи.

Првичните информации од тимот на Петронас Јамаха се дека Французинот не скршил ништо.

Морбидели беше најбрз со време 1:47.859, зад него најде Кал Крачлоу од ЛЦР Хонда,а трет најбрз беше пол Еспаргаро од КТМ.

 

Scroll to Top