Top Sport

Тимот на Роси од 2022 ќе се трка во Мото ГП

Валентино Роси, од 2022 година ќе има свој тим во Мото ГП шампионатот. Екипата „ВР46“, сигурно че биде во оваа категорија до 2026 година. Ова е важна вест за „Докторот“, без оглед на тоа дали тој ќе продолжи да се натпреварува во Мото ГП или ќа ја заврши кариерата.

„Скај спорт Италија“, пишува дека тимот на Роси, од 2022 година ќе се натпреварува под името „Арамко Рејсинг тим ВР46“ и дека ќе има „многу важни“ спонзори за натпреварување какво што е Мото ГП.

Тимот на Роси ќе има поддршка од компанијата која ја води саудискиот принц Абдулазиз бин Абдулах Сауд. Станува збор за компанијата „Танал“, додека главниот спонзор „Арамко“, последните години освојува се повеќе простор во Формула 1 и Мото ГП.

Роси, долги години има свој тим во послабите класи. Оваа година неговиот полубрат, Лука Марини, вози за Еспонсорама и тоа под спонзорското име на „Скај ВР46“.

Не се исклучува можноста, Роси да вози за својот тим во Мото ГП.

Scroll to Top