Top Sport

Титулата на Мерцедес исто толку вредна како таа во 2014

Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф вели дека двојната круна во Формула 1 оваа година беше исто толку импресивна како првиот триумф во 2014 година.

Мерцедес има четири титули едноподруго во Формула 1, од воведувањето на В6 турбо-хибридните мотори во 2014 година, но оваа сезона првпат беа под притисок на Ферари и Себастијан Фетел, кои ги искористија промените на техничките регулативи да се доближат до „Сребрената стрела“.

„Победата беше посебно задоволувачка. За мене речиси на исто ниво како титулата во 2014 година. Таа титула е многу важна бидејќи никогаш не стигнавме до неа, но во 2017, да се победи со промени на правилата е доказ дека знаеме што правиме“, вели Волф во интервју за „Аутоспорт“.

Според него, успехот на тимот е направен на темелите кои се поставувани уште во 2010 година, кога Мерцедес го откупи тимот на Браун ГП. Оттогаш, Мерцедес вложи милиони во одделите за шасија и мотори на тимот и направи целосна реорганизација на тимот.

„Имаме група луѓе кои се способни, и ресурси кои се трошеа со времето. Со ресурси не мислам само на парите, туку и на техничката способност, на умешноста и на вистинскиот начин на работа. Промените на правилата беа направени само да не сопрат и мислам дека тоа го сфативме како предизвик“, додава Волф.

 

Scroll to Top