Top Sport

Тод: Ферари ќе страдаат ако заминат од Ф1

Ферари ќе имаат големи проблеми ако некогаш ја исполнат заканата и си заминат од Формула 1, вели нивниот поранешен шеф, а сега претседател на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод.

Претседателот на Скудерија, Серџо Маркионе незадоволен од плановите на новите сопственици на Ф1 да го зголемат бројот на стандардни делови на болидот, најави повлекување во 2021 бидејќи не сака да „има нова НАСКАР серија“. Слична загриженост појавија и во Мерцедес и Рено.

Тод, кој беше шеф во најдоминантната ера на Ферари со Михаел Шумахер на почетокот на 2000-тите, вели дека за сите е подобро Ферари да е во Ф1.

„Се плашам од помислата Ферари или Мерцедес да заминат од Формула 1. Тоа е нивни избор, но навистина не го сакаме тоа. Не сакаме никој да заминува, но посебно Ферари. Тоа е тим кој е дел од сите шампионати досега. Не ми се верува дека и за нив е добра опција да си заминат од Ф1, бидејќи тоа е уникатен бренд – нешто меѓу тркачки болид и автомобил за на пат. На крајот, тоа е нивна одговорност“, вели Тод.

Ферари со нова закана за заминување од Ф1

Scroll to Top