Top Sport

Тод го советуваше Хамилтон: Помалку зборови, повеќе акција

Претседателот на ФИА, Жан Тод даде свое мислење за интересната битка за Ф1 титулата оваа сезона помеѓу Ред бул и Мерцедес и нивните први ѕвезди Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, порачувајќи дека е уморен од контроверзите и дебатата и повеќе би сакал акција.

„Јас сум неутрален. Битката е интересна, има поголема конкурентност, но таа доаѓа со нови контроверзи, така функционира тоа во Ф1. Повеќе би сакал да има помалку контроверзи, помалку тензија околу гумите, крилата кои се виткаат и други работи“, вели Тод во интервју за „АС“.

Тој го поддржа светскиот шампион Хамилтон во проектите за разновидност во спортот и борбата против расизмот, но посочи дека се потребни повеќе активности, а помалку коментари.

„Му се восхитувам на Луис како возач. Тој е талентиран, успешен, иако има среќа да го има најдобриот болид. Тоа е секогаш така во Ф1. Михаел Шумахер беше загрижен за безбедноста на патиштата, Луис е загрижен за разновидноста и тоа е нормално. Но, има многу работа која треба да се заврши. Во мотоспортот, акцијата е најважна – ако си добар, победуваш, ако не си добар, не победуваш. Би сакал повеќе акција, помалку зборови“, вели Тод.

Scroll to Top