Top Sport

Тото Волф: Ако на крај победиме, ќе биде неверојатно, ако загубиме – ривалите ја заслужиле титулата

Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф повторно ги сумираше своите впешатоци од трката во Катар и за британските медиуми даде свој став за трката против Ред Бул во борбата за шампионскиот трофеј во Формула 1.

„Измешани чувства поради проблемите на Валтери. Да победеше Макс Ферстапен во Катар, тогаш борбата за титулата ќе завршеше. Сега Луис заостанува само 8 бода, а во поредокот кај конструкторите сме неколку бода предност. Болидот на Хамилтон покажа брзина, овој викенд. Ова е многу добра вест и треба да се продолжи во истиот дух. Ќе се бориме до крај. Пред неколку етапи ретко кој очекуваше дека ќе издржиме толку долго во борбата. Ова е битка за самиот врв, а ние се трудиме да уживаме во секоја минута. Ако на крајот победиме, ќе биде неверојатно. Ако загубиме, тогаш ривалите ја заслужуваат титулата. Потоа ќе ја чекаме следната сезона“ категоричен е Волф.

Ферстапен од Ред Бул има 351,5 бода, додека Хамилтон е втор со 343,5 бодови.

Кај конструкторите, Мерцедес е прв со 546,5 пред Ред Бул со 5 бода помалку.

Scroll to Top