Top Sport

Ибрахимовиќ: Манчестер јунајтед живее во минатото

Златан Ибрахимовиќ прецизно го лоцира проблемот во Манчестер јунајтед. Ветеранот, смета дека клубот не сака да се соочи со реалниста туку се уште живее во славното минато.

Манчестер јунајтед, има пет порази на последните седум натпревари во Премиер лигата. Последниот, понижувачки во Вотфорд (4:1), го означи крајот на Оле Гунар Солскјер.

На оваа тема се огласи Ибрахимовиќ.

„Премногу зборуваат за минатото. Кога пристигнав таму и реков: „Овде сум за да се фокусирам на сегашноста, сакам да направам своја приказна“. Кога се што правите е да зборувата за славното минати, тоа претставува проблем. Морате да размислувате за сегашноста или треба да одите во болница за да ви ја исчистат главата“ рекол Ибрахимовиќ за „Гардијан“.

Златан Ибрахимовиќ беше играч на Манчестер јунајтед од 2016 до 2018 година. Во тој период, кој му го обележа тешка повреда, одигра 33 натпревари на кои постигна 17 гола. Со „црвените ѓаволи“ освои три трофеи: Суперкупот на Англија, Лига купот и Европа лигата на УЕФА.

Scroll to Top