Top Sport

Тото Волф повторно стана акционер во Вилијамс

Шефот на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф си направи нова инвестиција, откако повторно си ги врати своите 5 отсто од неговиот поранешен тим Вилијамс.

Волф, кој веќе е акционер во тимот на Мерцедес, а неодамна купи дел од акциите на Астон Мартин (како што од следната година ќе се вика тимот на Рејсинг поинт) од својот добар пријател Лоренс Строл.

Оваа вест доаѓа откако Вилијамс објавија дека се отворени за понуди за тимот, без разлика да ли се работи за малцински акционери или за некој кој би ја презел компанијата. Волф затоа си ги врати своите 5 отсто од тимот каде што во минатото беше извршен директор. Волф претходно имаше 30 отсто од Вилијамс пред да се пресели во Мерцедес, по што продаде 20 отсто на американскиот бизнисмен Бред Холинџер во 2014, а во 2016 ги предаде и преостантите 10 отсто.

Овие „пазарни активности“ на Волф доаѓаат откако околу неговото име се поврзуваа повеќе шпекулации за напуштање на тимот на Мерцедес, со кој има освоено шест титули во низа.

Scroll to Top