Top Sport

Кристијано е Аладин, а Георгина Пауер ренџер!

Кристијано Роналдо се облече како Аладин на третиот роденден на неговите близнаци Ева и Матео, додека неговата партнерка Георгина Родригез се реши да изгледа како розевиот Пауер ренџер.

Матео и Ева се родени од сурогат-мајка во САД во 2017 година, пред Роналдо да настапи на Купот на конфедерации со Португалија и името на мајката останува анонимно.

Најстариот син на Роналдо, деветгодишниот Кристијано Јуниор, кој исто така е роден од сурогат-мајка, имаше маска на како Хулк. Двегодишната Алана Мартина, која беше родена пет месеци по близнаците, е единствено дете на Георгина со фудбалерот, иако неодамна италијанските таблоиди шпекулираа дека таа повторно е бремена.

Scroll to Top