Top Sport

Тото Волф признава: Јас и Хорнер претеравме со пораките до ФИА

По драматичниот и контроверзен крај на Ф1 сезоната 2021 година, шефот на Мерцедес, Тото Волф признава дека тој и шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер не требале толку многу да лобираат кај директорот на трките на Ф1, Мајкл Маси.

Изјавата на Волф преку радиото: „Не, Мајкл, тоа беше толку погрешно“ ќе остане во историјата на Ф1, но можеби нема да се повтори во 2022 година, откако Волф го поддржа предлогот на шефот на Ф1 Рос Брон дека треба да се ограничи комуникацијата на шефовите на тимовите со Маси.

„Подеднакво сме виновни и јас и Рос, бидејќи бевме дел од одлуката да се објавуваат разговорите со ФИА за да се зголеми транспарентноста и забавата за фановите. Но, има толку многу работи кои се случуваат во таа комуникација и мислевме дека фановите ќе добијат малку чувство за драмата, но мислам дека претеравме. Јас и Кристијан пак, претеравме. Имавме шанса да зборуваме директно со директорот на трката, и бидејќи се боревме толку страствено за интересите на нашите тимови, ја помианвме линијата. Тоа беше погрешно оваа година, и притисокот кон директорот на трката не беше фер. Мислам дека шефовите на тимовите не треба директно да зборуваат и да лобираат“, признава Волф.

Scroll to Top