Top Sport

Трагедија: Даниел Хегерти почина по падот во Макау

Британскиот мотоциклист Даниел Хегарти почина на патот до болница по тешкиот судир кој го имаше на Макау ГП трката.

31-годишниот Хегарти удри во бариерата во шестиот круг од саботната трка на кривина позната како „Кривина на риболовците“. Трката веднаш беше сопрена, но лекарите не успеаја да му помогнат на мотоциклистот.

Тој возеше за тимот на „Топган рејсинг“ со Хонда, а попознат во Британија е по настапите на супер-опасната Ајл оф Мен ТТ трка.

Предупредување, видеото е навистина вознемирувачко.

Scroll to Top