Top Sport

Голот на денот доаѓа од англиската трета лига (видео)

Во ден во кој се играа многу големи дербија во англискиот, италијанскиот и шпанскиот фудбал, најдобриот гол на денот можеби доаѓа од англиската трета лига и дуелот Лутон-Кембриџ.

Играчот од средниот ред на Лутон, Оли Ли забележа дека голманот на Кембриџ, Дејвид Форди е излезен од голот и се обиде со удар од 65 метри да го изненади. И навистина го изненади на воодушевување на фановите на „Кенилворт Роуд“.

Мечот заврши со 7:0 за Лутон, со кој „хетерс“ се на второто место во Лига два, додека Кембриџ се само 14-ти.

Scroll to Top