Top Sport

Трагедија во Дакар, пустината ја зема 75. жртва – француски мотоциклист

Организаторите на релито Дакар потврдија трагична вест, францускиот мотоциклист Пјер Шерпан (52) почина како последица на судир кој го имаше во текот на седмата етапа на релито.

Откако беше во несвесна состојба, во вештачка индуктивна кома беше префрлен во болницата во Џеда, а планиран бил транспорт во Франција. Сепак, Шерпан починал при транспортот кон татковината.

Мотоциклистот паднал на 178-от километар при седмата етапа. Докторите го пронашле во безсознание и веднаш со хеликоптер би одведен во болница во Сакака. Било утврдено дека има неколку повреди на главата.

Од почетоците на релито во 1979 година до сега настрадале дури 75 возачи, а само минатата година настрадаа двајца – Пауло Гонсалвеш и Едвин Стравер.

Scroll to Top