Top Sport

Банкрот во Франција, нема преноси од Лига 1, тргнува распродажба на играчи

Француските фудбалски клубови се на работ на банкрот, а многу од нив се чини нема да се извлечат откако дефинитивно пропадна договорот со сопственикот на ТВ правата, односно фирмата која сакаше да ги преземе.

Раководството на Лига 1 во 2018 година склопи договор со шпанската фирма „Mediapro“ која се обврза дека од сезоната 2020/2021 ќе плаќа по 815 милиони евра по сезона, односно 3.25 милијарди за траењето на целиот договор до 2024 година. Тоа беше најголемиот договор во професоналните лиги во Европа, веднаш зад Премиерлигата, па се чинеше дека пред Французите е светла иднина.

Сепак, се чини дека Лига 1 се договорила со сомнителна компанија која не дала гаранции дека ќе го испочитува договорот. За Французите не била сомнителна ниту одлуката на челниците на Серија А да одбијат соработка со „Mediapro“.

Компанијата во август 2020-та ја исплатила редовната рата од 172 милиони евра, а веќе во наредниот месец побарала одложено плаќање.

На крајот на годината стана јасно дека компанијата нема да може да го испочитува договореното. Клубовите и без тоа беа силно погодени затоа што поради пандемијата на Ковид 19 сезоната 2019/2020 не ја доиграа.

Спасот клубовите во Франција го очекуваа од француски „Канал +“, а оттаму првичните информации беа дека се подготвени да платат по 650 милиони евра по сезона.

До сега „Канал+“ имаше право да пренесува по 2 меча од секое коло и кога во Лига 1 очекуваа откупување на целиот пакет, од тв куќата се откажаа и од досегашната соработка.

Тоа значи дека француските клубови во зимскиот преоден рок ќе почнат да ги продаваат своите најдобри играчи и тоа многу под цената затоа што веќе нема да можат да ги плаќаат.

Во проблеми е и супер-богатиот ПСЖ кој во пандемијата веќе е во минус ид 125 милиони евра, а сега од француската
Влада бараат помош за исплата на плати за вработените во клубот.

Scroll to Top