Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Пјер Гасли од Ред Бул денеска беа најбрзи на првиот и вториот тренинг пред Формула 1 трката за Големата награда на Унгарија што во недела ќе се вози на патеката „Хунгароринг“.
Хамилтон беше најбрз на првиот тренинг со резултат 1:17,233 минути. Петкратниот светски шампион беше за 0,165 секунди побрз од Макс Ферстапен од Ред Бул. Трет беше Себастијан Фетел од Ферари со 0,166 секунди заостаток, а зад него беше Гасли со 0,449 секунди заостанување.
Валтери Ботас од Мерцедес имаше проблеми со моторот и не забележа резултат.
На вториот тренинг по мокра стаза најбрз беше Гасли со резултата 1:17,854 минути пред тимскиот колега Ферстапен со заостанување од 0,055 секунди.
Трет беше Хамилтон со 0,141 секунди, а четврти Ботас со заостанување од 0,330 секунди.
Возачите на Ферари Леклер и Фетел тренингот го завршија како 6-ти, односно 13-ти.
Трката за Големата награда на Унгарија се вози во недела со почеток во 15:10 часот, а утре е борбата за пол позиција.
По оваа трка следува летна пауза.