Top Sport

Кошаркарските јуниори со „илинденска честитка“ од Романија, +35 над Естонија

Машката македонска јуниорска кошаркарска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Европското првенство (ЕП), Б дивизија што се игра во романскиот град Орадеа.

Нашите кошаркари ја здробија Естонија со 35 поени разлика, на семафорот стоеше 92-57.

Младите кошаркари, предводени од селекторот Тони Симиќ испратија најубава честитка за празник Илинден со тоа што одиграа фантастичен меч и се изборија за влез меѓу четирите најдобри селекции на шампионатот.

Доколку „црвено-жолтите“ на последните два меча на ЕП остварат барем една победа, ќе успеат да влезат во друштво на најдобрите репрезентации во Европа.

Андреј Јакимовски реализираше 17 поени надополнети со 10 скока. По него Андреј Андоноски имаше 16 поени, а Виктор Исајлоски мечот го заврши со 11 поени.

Противник на македонските кошаркари во полуфиналето ќе е селекцијата на Израел. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат селекциите на Полска и Чешка.

Scroll to Top