Top Sport

Три Формула 1 трки во САД – Алонсо нема ништо против!

Се погласно се зборува дека САД наскоро може да добие три трки во Формула 1 циркузот.

Следната година планирани се трките за Големата награда на Мајами и при завршницата на сезоната трката за Големата награда на САД во Остин (Тексас). Поради тоа што сопственик на најбрзиот караван е „Либерти медија“, се погласно се споменува дека трка ќе се вози и во Лас Вегас.

Во далечната 1982 година се одржале три трки во САД – во Лонг Биџ, Детроит и Лас Вегас.

„Не гледам никаков проблем затоа што САД е сега најголемата мета во Формула 1. Се зборува дека третата трка би можело да се одржи во Лас Вегас, во Индијанополис или на друга локација. Не би требало да брзаме, прво да уживаме во прекрасната трка во Мајами идната година“ истакна легендарниот Ф1 возач, Шпанецот Фернандо Алонсо.

Scroll to Top