Top Sport

Тони Надал: Медведев е близу до нивото на Новак, Рафа и Роџер

Шпанскиот тениски тренер, Тони Надал изјави дека најдобрите млади тенисери во светот не се далеку од нивото на големата тројка – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Невозможно е да се каже кој е најдобриот од новата генерација или кој ќе освои најмногу грен слем титули. Уверен сум дека кога се во најдобрата форма, нивното ниво не е далеку од она на Новак, Рафа и Роџер. Проблемот настанува кога немаат свој ден. Лошата верзија на Данил Медеведев е на пониско ниво од „лошиот“ Ѓоковиќ, Надал или Федерер“ изјаво Тони Надал за „Л`кип“.

Чичкото на „Бикот од Мајорка“ моментно е тренер на младиот тенисер Феликс Оже-Алијасим (22) од Канада кој е 12-ти на АТП листата.

Scroll to Top