Top Sport

Труекс јуниор победи во Мартинвил

Мартин Труекс јуниор победи на трката во Наскар шампионатот која се одржа во Мартинвил. Труекс во Мартинвил победи и минатата година.

Мартин Трукес славеше пред конкурентите иако во раната фаза од трката доби казна бидејќи ја минал линијата во пит-роудот. Тој доминираше потоа во трката, а особено надмоќен над конкурентите беше во последната етапа од трката.

Победата во Мартинсвил е прва оваа сезона за Треукс јуниор.

Трката зад победникот ја завршија Рајан Блејни и Кеселовски. Лидерот во генералниот пласман и победник на минатата трка во Атланта, Кевин Харвик го освои 15 место.

Наредната трка се вози на 21 јуни на Флорида.

Scroll to Top