Марсеј ќе биде домаќин на уличен Ф1-настан како дел од промоцијата на Француското ГП кое се враќа на календарот по пауза од една деценија. Настанот ќе биде сличен како овогодишното шоу во Лондон пред Британското ГП во Силверстоун.
Франција се враќа на календарот првпат по десет години, со трка на патеката Пол Рикар, каде што последен пат имаше Формула 1 трка во 1990 година.
„Ќе имаме големо шоу во Марсеј, слично како тоа во Лондон. Новите промотори на спортот ‘Либерти медија’ го даваат својот максимум за популаризација на Формула 1. Целта е да се соберат што е можно повеќе фанови во Марсеј“, изјави Жил Дуфењо, шефот на Француското ГП.