Мото ГП легендата, Валентино Роси вели дека постои план за „размена“ на своите тркачки машини помеѓу него и Ф1 шампионот, Луис Хамилтон.
Според Италијанецот, двајцата докажани шампиони ќе возат на иста патека, но Хамилтон Мото ГП мотоциклот на Јамаха, додека Роси би седнал во победничкиот болид на Хамилтон. Роси неколку пати тестираше со тимот на Ферари, а пред десетина години постоеја шпекулации дека би направил трансфер во Ф1, додека Хамилтон е познат како голем љубител на големите мотоцикли и лани тестираше Јамаха супербајк мотоцикл.
„Секогаш сум бил вљубен во мотоциклот, но стар сум за Мото ГП. Плус не сум отпорен на удари како младиот Марк Маркез“, изјави тогаш Хамилтон.
40-годишниот Роси вели дека при крајот на сезоната ќе има „размена“.
„Одамна не сме зборувале за тоа, но бргу ќе се договориме. Секогаш е прекрасно да се вози Ф1 болид“, вели Роси.