Top Sport

Валтери Ботас беше најбрз на денешниот прв тренинг на „Силверстоун“

Пилотот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас имаше најдобро време на денешната прва слободна тренинг сесија пред неделната петта сезонска Ф1 трка на патеката „Силверстоун“ за ГН на Велика Британија.

И минатиот викенд трката се одржа на истата патека, а на неа триумфираше Луис Хамислтон (Мерцедес). Промена на календарот во Ф1 имаше поради пандемијата на коронавирусот.

Денеска второ најдобро време забележа минатонеделниот победник Хамилтон. Британецот имаше 0.138 секунди послабо време од својот тимски колега.

Трето време имаше пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Ферстапен. Тој заостана 0.727 секунди зад најдоброто време денеска.

Scroll to Top