Марк Вебер вели дека говорот на телото и однесувањето на неговиот поранешен лут ривал и клупски колега Себастијан Фетел го збунуваат, бидејќи тој не е навикнат Германецот да се задоволува со ништо помалку од победа.
Вебер му беше колега на Фетел три години во Ред бул, години во кои Фетел стигна до светската титула. Оваа сезона пак, откако се сметаше дека Ферари и Фетел се први фаворити за титулата, Мерцедес доминираше со шест 1-2 победи и пред Канадското ГП овој викенд, Фетел има 55 поени помалку од лидерот Луис Хамилтон.
„Го гледам дека понекогаш е опуштен на второто или третото место, кога знам дека порано не се задоволуваше со такво нешто. Но, само Себастијан може да одговори на тоа прашање“, вели Вебер.
Шпекулациите велеа дека Германецот дури помислува за пензионирање на крајот на сезоната, и Вебер вели дека тоа е можно.
„Тој дефинитивно е на крстосница околу својата кариера. Самиот мора да одлучи. Многу е тешко да најдеш мотивација да продолжиш во толку конкурентен спорт“, додава Вебер.