Легендарниот Себастиен Леб стана најстариот победник на едно рели од ВРЦ шампионатот, откако стигна до фантастична победа на Монте Карло релито пред својот француски сонародник и стар ривал Себастиен Ожие во неделата.
47-годишниот Леб, неодамна беше дел од Дакар релито, ја стартуваше претпоследната етапа од првото рели во сезоната со заостанување од половина минута зад Ожие во Тојота, но неговиот ривал немаше многу среќа кога му се дупна гумата и го препушти водството на Леб.
Откако цела кариера возеше со Ситроен, ова е прва победа на Леб зад воланот на Форд Пума, за на крајот да заврши со 20.5 секунди предност пред Ожие за осми триумф во Монте Карло. Ирецот Крег Брин во втората Форд Пума заврши како трет со 1:19.3 заостанување.
ALL THE FEELS! Amazing work by Séb and Isabelle ?.
Absolutely incredible scenes ?#MSPORTERS #FordPerformance #WRC pic.twitter.com/0MHxYRyh90
— M-Sport (@MSportLtd) January 23, 2022