Top Sport

Верњ со предизвик за Ферстапен: Во Формула Е јас би го победувал

Макс Ферстапен по освојувањето на првата титула минатата сезона, повторно е еден од најдобрите возачи во Формула 1 и оваа сезона во која е во интересна битка со стариот ривал од Ферари, Шарл Леклер, но еден поранешен Ф1 возач смета дека во друга серија Холанѓанецот не би бил непобедлив.

Жан-Ерик Верњ возеше три сезони во Торо росо, јуниорскиот тим на Ред бул од 2012 до 2014, без да остави поголем впечаток, по што беше екстремно успешен во електричната Формула Е серија, освојувајќи две титули во 2018 и 2019 година. Иако сериите се слични, Верњ смета дека Ферстапен не би имал шанси во Формула Е боли.

„Искрено, не би можел да го победам во Формула 1. Се гледа дека е на врвот на својата кариера. Но, во Формула Е не би бил непобедлив. Би се обложил дека би го растурил во тој болид“, изјави Верњ.

Scroll to Top