Top Sport

Гирмај со историска етапна победа на Џиро Д’Италија

Бинијам Гирмај од Еритреја е победник на 10. етапа на Џиро Д’Италија, влегувајќи во историјата како прв црн Африканец кој победил на една етапа на трите големи велосипедски трки (Џиро, Тур де Франс и Вуелта Еспања).

22-годишниот Гирмај го совлада холандскиот ас Матју ван дер Пел за славна победа. Иако повеќекратниот шампион од Тур де Франс,Крис Фрум е роден во Кенија, а Дарил Импи од ужна Африка има етапни победи, Гирмај е првио црн Африканец со победа.

Ова не е првпат велосипедистот на Интермарш да влезе во историјата – во март тој стана првиот Африканец со победа на класична трка на Гент-Вевелгем, тогаш на само 21 година.

Scroll to Top