Дилано Ван’т Хоф, 18-годишен холандски возач во Формула 1, загина на трката од Европскиот регионален шампионат на патеката „Спа-Франкоршамп“ во Белгија. По силен дожд и многу тешки услови на патеката, Ван’т Хоф се најде во судир во кој учествуваа пет возила.
Тој се вртеше на патеката, а потоа неговиот болид со голема брзина го удри автомобилот на возачот Адам Фицџералд.
„Ние сме уништени што изгубивме еден од најголемите холандски таленти, кој донесе толку многу енергија во нашиот тим во текот на годините кога се тркаше со нас. Дилано е дел од нашето тркачко семејство од 2021 година. Би сакале да изразиме искрено сочувство до семејството Дилано и најблиските. Им ја даваме нашата целосна поддршка, како и на членовите на нашиот тим, кои загубија не само возач, туку и пријател“, соопштија од тимот на МП Мотоспорт.