Top Sport

(Видео) Хамилтон и Норис со различни мислења за протестите на Ф1 патека

Луис Хамилтон вели дека целосно ги подржува активистите и протестите кои се за вредна цел, но не и на Формула 1 патека пред Британското ГП во Силверстоун.

Минатата година беше спречен голем инцидент на патеката во Силверстоун, кога седум луѓе од активистичката група „Just Stop Oil“ ја прескокнаа оградата и седнаа на патеката кога трката стартуваше. За (не)среќа, тогаш имаше тежок судир на Жу Гуанју во Алфа Ромео и болидите не возеа под целосна гас кога стигнаа на местото каде што беа луѓето.

„Ги поздравувам протестантите, мислам, активистите. Секогаш бараат позитивна промена. Но, не сакаме да ги видиме на патеката каде што ќе ризикуваат повреда. Протестите предизвикуваат разговори, дијалог и честопати, ако се постапи исправно, потребна промена. Мораме да станеме одржливи и инклузивни. Се надевам дека нема да имаме исто сценарио како и лани, но секогаш подржуам мирни протести“, вели Хамилтон.

Лендо Норис од Мекларен, беше подиректен.

„Глупаво е да си го ризикуваш животот со болиди на паатеката. Тоа беше себично од нивна страна поради последиците на тој кој го вози болидот. Не сум експерт, но секој има право да протестира. Но, има добар начин и глупав начин да протестираш“, вели Норис.

Scroll to Top