Top Sport

Агентите на Кеси демантираат дека тој заминува од Барса

Агентската куќа на фудбалерот на Барселона, Франк Кеси влезе во неочкуван напад на познатиот новинар Жерард Ромеро, кој минатата среда објави дека Кеси се договорил со тренерот Чави Ернандез за заминување во Саудиска Арабија, со што Барса би заработила одлични 30 милиони евра.

26-годишниот Кеси, кој пристигна на „Ноу Камп“ како слободен играч од Милан, има уште три години од договорот со Барселона, но минатата сезона не се наметна како стандарден првотимец. Ова не беше првпат да постојат шпекулации дека Барселона сака да го продаде Кеси, но овојпат на шпекулациите одговорија неговите агенти.

Тие тврдат дека Кеси е задоволен во Каталонија и му порачаа на новинарот да престане да објавува „непроверени“ шпекулации посочувајќи дека ова е третпат да го споменува Кеси.

Scroll to Top