Top Sport

(Видео) Хамилтон се прости од Мерцедес

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон се прости од Мерцедес на ГН на Абу Даби, а по завршувањето на последната трка од сезоната, Британецот и тимот разменија трогателни пораки.

По 246 трки, шест титули и 84 победи, заврши една ера, а во неговиот последен настап во германскиот тим пред да се пресели во Ферари, Хамилтон го зазеде четвртото место, откако возеше извонредна трка која ја стартуваше пд 17.место.

Откако ја мина стартно-целната линија на патеката „Јас Марина“, во преносот се емитуваше порака од Хамилтон, кој му се заблагодари на тимот за вербата што ја има во него. Тимскиот шеф Тото Волф не му остана должен на својот шампион, кому му порача дека ако Мерцедес не може да победи, се надева дека ќе победи тој .

Следната сезона во Формула 1 започнува со Големата награда на Австралија на Алберт Парк на 16 март 2025 година.

Scroll to Top