Top Sport

(Видео) Хаотичен спринт во Мајами, трката почна и заврши со безбедносното возило

Победник на хаотичниот спринт во Мајами е возачот на Мекларен, Ландо Норис. На второто место се пласираше Оскар Пјастри во вториот Мекларен, пред Луис Хамилтон во Ферари.

Стартот беше одложен за речиси половина час откако Мајами беше погоден од силен пороен дожд што остави многу вода на патеката.

Уште пред стартот, Шарл Леклер удрил во заштитниот ѕид и го оштети автомобилот, а стартот беше одложен за 30 минути. По два круга зад безбедносното возило, спринтот конечно започна.

Кими Антонели ја загуби првата позиција во првиот свиок. Оскар Пјастри нападна агресивно, практично принудувајќи го Антонели да помине широко, па освојувачот на пол-позицијата веќе беше зад двата Мекларена и Макс Ферстапен.

Во 13-от круг возачите почнаа да влегуваат во боксот за да менуваат гуми.

Прво, Ферстапен го удри Антонели при излегување од местото за менување гуми, поради што беше и казнет, а остана и без предно крило. Ферстапен беше казнет со 10 секунди.

Лиам Лосон направи грешка и таа грешка го чинеше Фернандо Алонсо, кој оштети својот автомобил. Карлос Саинц остана без тркало…

Општиот хаос во Мајами го дополни Пјастри кој пресече дел од патеката во 13-от круг, направи грешка и на крајот го загуби првото место во борбата со својот клупски колега Ландо Норис.

Како што започна, со безбедносно возило, спринтерската трка заврши поради остатоци на патеката.

Четвртото место му припадна на Албон, петтото на Расел.

Строл се најде на седмото место, а по него следуваа Лосон, Берман, Цунода кој стартуваше од последното место и Антонели.

Макс Ферстапен беше четврти, но поради казната заврши последен, 17-ти.

Квалификациите за трката во недела се закажани за 22 часот.

Scroll to Top