Шампионот во „кралската класа“ Хорхе Мартин се здоби со скршеници на десната рака и левото стапало, поради што во четврток ќе отпатува за Шпанија, каде ќе биде опериран. Покрај него, слична ситуација се и Раул Фернандез од Трекхаус и возачот на ВР46 тимот Фабио ди Џанантонио.
Возачот на Aприлија, Мартин, изгубил контрола над својот мотоцикл, во вториот свиок на петеката „Сепанг“, по што имаше ужасен пад.
Веднаш бил пренесен во болница. Мартин заработи фрактура на петтата метакарпална коска на десната рака, како и фрактура на третата, четвртата и петтата метатарзална коска на левото стапало, потврдија од италијанскиот тим. Покрај тоа, најверојатно доживеал и потрес на мозокот.
За Мартин, сите овие повреди значат дека предсезонските тестирања во „Сепанг“, кои се траат до петок се завршени. Засега нема информации дали тој ќе биде присутен на тестирањата „Бурирам“ следната недела.
Jorge Martin’s highside at turn 2 😳#MotoGP #SepangTest
— Crash MotoGP (@crash_motogp) February 5, 2025
Во Шпанија на операција ќе мора да оди уште еден возач на Априлија, Раул Фернандез од тимот Трекхаус. Фернандез се здобил со фрактура на метакарпалната коска на левата рака при пад, а исто така има и фрактура на малиот прст. Ова значи дека тест-возачот на Априлија, Лоренцо Савадори, ќе има многу позначајна улога во „Сепанг“ од првично планираното, а италијанскиот тим во моментов остана само со Марко Бецеки и Аи Огура.
Претпладнево на патеката „Сепанг“, се повреди и Фабио де Џанантонио. Италијанецот ја скршил клучната коска на левата рака, истата што ја скрши минатата година во несреќата на „Ред Бул Ринг“.
Италијанецот потоа ги пропушти последните две трки од сезоната поради операција, за да биде подготвен за новиот шампионат, но нова повреда значи враќање во Италија на уште една операција.