Top Sport

(Видео) Ленс Строл нема квалитет за Формула 1

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Кина. Холанѓанецот ја забележа првата победа во Шангај, вкупно 58. во кариерата.

Ферстапен, рутински славеше пред Ландо Норис од Мекларен и тимскиот колега Серхио Перез.

Неколку часа по завршувањето на трката најмногу се зборува за почетничката грешка на Ленс Строл.

Во моментте кога возилото за безбедност втор пат ја напушти патеката, кога болидите беа блиску при рестаротот на трката, Строл доцна кочеше и се заби во Даниел Рикардо.

Строл и покрај тоа што нема квалитет веќе седум години вози во шампионатот на Формула 1.

Канаѓанецот има загарантирано место во Ф1 бидејќи неговиот татко е сосптвеник на Астон Мартин.

Scroll to Top