Големата награда на Мајами, шестата трка во Ф1 шампионатот, имаше спектакуларна најава за главната трка.
Пред почетокот на трката, фановите можеа да ја видат најинтересната парада што досега во Ф1, која се претвори во најлудата трка во историјата, трка во Лего автомобили.
Оваа година, Лего пушти колекција посветена на Ф1, а во таа чест, на патеката се најдоа 10 автомобили во природни големини, зад чиј волан беа најдобрите возачи на денешницата, а совозачи им беа нивните соиграчи.
Секој од тие 10 автомобили тежи околу 1.500 килограми, што е речиси двојно повеќе од стандардните автомобили, бидејќи тие не смеат да тежат повеќе од 800 килограми.
Лего автомобилите, патем, се направени од по 400.000 коцки, кои се поставени околу челична конструкција, за да се изработат биле потребни 22.000 часа. Во изградбата учествувале 26 дизајнери и инженери, а автомобилите биле изградени во фабрика во Кладно, Чешка.
Иако достигнуваат брзина од само 20 км/ч, бидејќи имаат само околу седум или осум коњски сили, трката на патеката околу стадионот „Хард Рок“ во Мајами ги забавуваше возачите и фановите како никогаш досега.
Just 20 big kids living their best lives 😎#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/vt1wvSrB3E
— Formula 1 (@F1) May 4, 2025
„Ова беше најзабавната парада што некогаш сме ја имале. Беше навистина забавно“, рече Луис Хамилтон, кој му беше совозач на Шарл Леклер.
За време на најлудата трка во историјата, имаше неколку инциденти, за среќа без последици, но стјуардите мораа да ја исчистат патеката пред самата трка, поради бројните расфрлани парчиња.
Joining drone cam as the drivers bring their LEGO cars home 🎥#F1 #MiamiGP pic.twitter.com/CHUqJcBoU1
— Formula 1 (@F1) May 4, 2025
Интересно е што не беше прв пат Лего автомобили да се најдат на патеката, но никогаш не биле во толкав број. Минатата година, возачот на Мекларен, Ландо Норис, возеше автомобил направен од коцки на Силверстоун.
Што се однесува до Големата награда на Мајами, таа ја освои Оскар Пјастри во Мекларен, пред неговиот колега Норис и возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Следната трка во Формула 1 е во Имола за Големата награда на Емилија Ромања од 16 до 18 мај.