Top Sport

(Видео) Марк Маркез ја „отслужил“ казната, одлучи Мото ГП

Шесткратниот светски шампион, Марк Маркез нема да мораа да отслужи казна со „долг круг“ на следната трка на која ќе учествува откако неговата жалба до Мото ГП беше усвоена.

Маркез беше казнет за судирот со Мигуел Оливеира на Португалското ГП на 26 март, и требаше оваа казна да ја отслужи на Аргентинското ГП, но тој таму не учествуваше поради повреда, по што Мото ГП првично реши дека тој ќе биде казнет на следната трка на која ќе учествува.

Репсол Хонда се жалеа дека мотоциклистот воопшто не бил сослушан и дека била прекршена процедурата, а исто така тврдеа дека тој би бил двојно казнет, бидејќи со самото неучество на трката во Аргентина бил казнет.

Маркез се повреди при судирот со Оливеира и се нема тркано оттогаш и не е потврдено дали ќе го направи камбекот овој викенд на Француското ГП во Ле Ман.

Scroll to Top