Top Sport

Вардар со ремито со Пелистер го запечати баражот, Гостивар е нов прволигаш

Вардар и Пелистер денеска го одиграа своето големо „вечно“ дерби во Маџари, одигрувајќи 1:1, со што „црвено-црните“ го запечатија местото во баражот за Првата лига, каде што веќе се пласираше Воска, а од денеска и Гостивар по убедлива 4:0 победа над Борец.

Десниќ ги донесе Вардар во водство во 41. минута од мечот, но во 53. минута, гостите од Битола веднаш вратија со гол од пенал на Маневски. Овој резултат значи дека Вардар на едно коло пред крајот на Втората лига го осигурува третото место на табелата и така бараж за Првата лига, додека Пелистер ќе ја чека својата шанса следната сезона.

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top