Мотоциклистот на Дукати, Марк Маркез, победи на спринт трката во Херез, пред Големата награда на Шпанија. Марк од почетокот на сеозната победи на сите пет трки, интересно неговиот брат Алекс петти пат го освои второто место.
Спринтот од пол-позицијата го стартуваше Фабио Квартараро. Возачот на Јамаха имаше добар старт ја задржа лидерската позиција, во во вториот круг натправи грешка, заврши надвор од патеката.
Марк Маркез ја презеде лидерската позиција и на крајот однесе рутинска победа.
Неговиот брат Алекс го освои второто место, а место на подиумот имаше и за Франческо Бањаја.
Главната трка во Херез се вози во недела од 14:00 часот, а пол-позицијата ја држи Квартараро.
Во генералниот пласман, Марк Маркез има 135 поени, 20 повеќе од Алекс и 31 повеќе од Бањја.
More angles of Fabio Quartararo's crash 💔#SpanishGP 🇪🇸 pic.twitter.com/RpV6zitLzl
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) April 26, 2025