Марк Маркез потсети на славните денови кога беше неприкосновен во Мото ГП шампионатот. Шпанецот со победа го комплетираше совршениот викенд во Арагон. Маркез беше најбрз на сите тренинзи, ја освои пол-позицијата, вчера победи во спринт трката, а попладнево беже недостижен за конкурентите и на трката за Големата награда на Арагон.
Маркез ја забележа 86.победа во кариерата, 60. во „кралската класа“, но прва со Дукати, претходните 59 ги забележа со мотоциклот на Хонда.
Возачот на Грезини го прекина долгиот пост, победи по пауза од 1.043 дена, кога со Хонда беше најбрз на Големата награда Емилијо Ромања.
Трката ја одбележа инцидент меѓу Франческо Бања и Алекс Маркес, кој се случи на шест круга до крајот, во момен кога двајцата се бореа за третото место.
Покрај Маркез, Арагон задоволен го напушта и возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, кој ја зголеми предноста на врвот во однос на Бањаја на 23 бода.
Беше драматично во борбата за подиумот. Франческо Бањаја имаше проблеми на стартот, падна на шестата позиција, но по киксот на Морбидели и претекнувањето на Акоста се најде во Топ 4.
На шест круга до крајот, тој беше во голема борба за третото место со Алекса Маркез кога двајцата возачи излетаа од патеката и останаа без поени. Мартин, благодарение на ризичниот, но успешен маневар во третиот круг, стигнаа до втората позиција.
Хаосот во финишот го искористи Педро Акоста кој беше на третото место, Бред Баиндер заврши на четвртото место, Енеа Бастианини од стартната 14-та позиција стигна до петтото место.
Во првите десет се најдоа и Франко Морбидели, Фабио Диџанантонио, Марко Безели, Џек Милер, Алекс Рин.