Оскар Пјастри ја освои Големата нагада на Азербејџан пред Шарл Леклер кој стартуваше од пол-позицијата и Џорџ Расел. Трката во Баку долго ќе се прераскажува, поради борбата за првото место меѓу Пјастри и Лекпер, глупоста која ја направи вториот возач на Ферари, Карлос Саинц на два круга до крајот и Оливер Берман кој стана првиот возач во историјата со осовени поени за две различни екипи.
Леклер на стартот ја задржа пол-позицијата и лидер беше до 20 круг кога Пјастри со храбар маневар го презеде првото место. До 48 круг, Лкелер се обидуваше но не успеа да го загрози водечката позиција на Австралиецот, а од „страна“ сето тоа го следеше Серхио Перез.
Во претпоследниот круг Перез го нападна Леклер, возачот на Ферари успеа да се одбрани, а Мексиканецот ја загуби позицијата и од второто Ферари. Но на излезот од првиот своиок Санц направи ужасен маневар удри во Перез и тука трката заврши.
CARLOS SAINZ WHAT THE FVCK WAS THAT??????? pic.twitter.com/zUqQsLiXHK
— Laura 🦋 (@formuLau16) September 15, 2024
LAP 50/51
WOW.
Leclerc defends from Perez, which allows Sainz past, and then the Ferrari and Red Bull collide into the barriers on the run down to Turn 3!
VSC deployed 🟡#F1 #AzerbaijanGP pic.twitter.com/u8GzV3ONPA
— Formula 1 (@F1) September 15, 2024
Со безбедносното возило на чело возачите влегоа во целта.
Пјастри ја прослави втората победа во кариерата, втора оваа сеозна по трката во Унгарија, Лкелер е втор, Расел трет, а бодови во Баку освоија и Норис, Ферстапен, Алонсо, Албон, Колапинто, Хамилтон и Берман.
По трката во Азербејџан, Мекларен ја презеде лидерската позиција во борбата за конкструкторската титула.
Следната трка се вози во Сингапур.