Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Канада. Британецот во Мерцедес победи пред актуелниот светски првак, Макс Ферстапен (Ред Бул) и тимскиот колега Андреа Кими Антонели, за кого ова е прв пласман на подиумот. Расел на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, ја забележа четвртата победа во кариерата, прва по Лас Вегас минатата година.
Поради инцидентот меѓу возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, трката заврши зад безбедносното возило, па разликата меѓу Расел и Верстапен беше минимална, нешто над две десетинки од секундата.
Десеттата рунда од сезоната, покрај победата на Расел, беше обележана и со првиот дуел меѓу возачите на Мекларен, во кој Норис по своја вина го извлече „подебелиот крај“.
Британецот постојано го следеше својот тимски колега, во 66.круг, во еден момент го престигна, Пјастри возврати и кога беа на стартно-целната линија, тој ја „затвори вратата“.
Норис нападна одвнатре, иако немаше простор, дојде до контакт меѓу болидите и мораше да го паркира крај патеката својот Мекларен. Пјастри остана на патеката и ја заврши трката на четвртото место.
Така, за прв пат оваа сезона, ниту еден од возачите на Мекларен не стигна до подиумот.
Бодови во Монтреал освоија возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон, Ферандо Алонсо (Астон Мартин), Нико Хилкенберг (Кик Заубер), Естебан Окон (Хас) и Карлос Саинц (Вилијамс).
Овогодинешното првенство во Формула 1 продолжува со Големата награда на Австрија на Ред Бул Ринг од 27 до 29 јуни.
Así ha sido el toque de Norris y Piastri
Error de Norrispic.twitter.com/rll7bXbn1m
— ElReyGuiri (@ElReyGuiri) June 15, 2025