Top Sport

(Видео) Саинц бркал крадец низ Милано, кој му го украл часовникот од 540.000 евра

Откако го постигна својот најдобар резултат сезонава, возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, беше жртва на грабеж, но се беше во ред што заврши добро.

Грабежот се случил неколку часа по завршувањето на трката во Монца, пред луксузниот хотел „Арамни“ во Милано. Од раката на Саинц, бил украден часовникот „Ричард Мил“, вреден 540.000 долари.

Кога му станало јасно дека останал без часовникот, Саинц заедно со неговиот тренер и некои други луѓе се дале во потера по крадците. На крајот успеале да го вратат часовникот, објавија италијанските медиуми.

Саинц потоа бил снимен во близина на местото каде полицијата му ставила лисици на осомничениот.

Шпанецот потоа се огласи на „Твитер“ за да разговара за инцидентот. „Како што многумина од вас веќе знаете, вчера доживеавме немил инцидент во Милано. Најважно е дека сите сме добро и дека ова ќе остане само непријатна анегдота“, напиша Саинз и додаде: „Голема благодарност до сите луѓе кој ни помогна вчера, до миланската полиција за брзата интервенција и ви благодарам за сите ваши пораки“.

Scroll to Top