Top Sport

Мбапе и ПСЖ во преговори за нов договор

Реал Мадрид не успеа да го ангажира Килијан Мбапе во летниот преоден рок. Иако се најавуваше дека тој трансфер ќе го обележи летниот преоден рок. На крајот целата по целата драма, Мбапе остана во ПСЖ.

Најголемиот експерт за трансфери Фабрицио Романо тврди дека сега напаѓачот преговара со ПСЖ за продолжување на договорот.

Претходно се пишуваше дека Мбапе решил да остане во Париз, но не и да ја продолжи соработката со клубот. Актуелниот договор му истекува по завршувањето на актуелната сезона. Ова предизвика гнев кај челниците на ПСЖ. Тој беше исфрлен од првиот тим, а подоцна беше вратен. Сега двете страни преговараат за нов договор, тврди Романо.

„Се уште ништо не е договорено, но неговите претставници и ПСЖ разговараат за продолжување на договорот. Најважни ќе бидат условите под кои би можел да го продолжи, како што е клаузулата според која може да си замине по завршувањето на сезоната“, потенцира Романо.

Претходно беше истакнато дека Мбапе не сака да продолжи со ПСЖ и дека следното лето би можел да премине во Реал како слободен играч. Тоа би му дало подобра преговарачка позиција и би можел да инсистира на поголема плата.

Scroll to Top