Викендов, 6. и 7.октомври, на патеката пред Македонската радио телевизија, ќе се одржи Авто кружна трка Скопје 2018. Трката е во организација на АКК Примо авј, во соработка со Град Скопје, Агенција за млади и спорт и Автомобилистичка федерација на Македонија.
Трката е дел од официјалниот календар за кружни патеки во домашниот шампионат, а се бодува и во календарот на Централно Европска зона.
Официјалното отворање на трката ќе биде в недела од 11 часот пред Судска палата, а трката ќе стартува еден час подоцна.
Тренинзите се предвидени за в сабота од 11 часот.
Органиаторите очекуваат учество на 35 домашни и 10 странски натпреварувачи.