Top Sport

Побуна во Баерн, на удар бил тренерот Ковач

Баерн Минхен се наоѓа во резултатска криза. Две кола нема победа во Бундес лигата, 1:1 со Аугсбург и пораз 0:2 од Херта, а синоќа тимот на Нико Ковач освои само бод против Ајакс во Лигата на шампионите (1:1).

Резултатот е одраз на неубедливата игра и Баварците можат да бидат задоволни што останаа непоразени. Цехот за лошата игра може да го плати тренерот Ковач.

„Билд“ пишува дека дошло до покажување на отворено незадоволство по мечот со Ајакс. Весникот ги посочува и оние што с ена чело на бунтот: Матс Хумелс, Хави Мартинез и Хамес Родригез.

Тие тројца јавно го кренале гласот поради честите ротации во тимот што ги прави тренерот. Хумелс уште по мечот со Аугсбург не бил задоволен бидејќи хрватскиот тренер сметал дека тој е најслабата алка во одбраната на тимот.

Колумбиецот Родригез, како што тврди авторот на текстот во „Билд“, бил незадоволен што ветераните Аријен Робен и Франк Рибери имаат загарантирано место во стартниот состав.

Родригез нецели десет минути по завршувањето на дуелот со Ајакс го напуштил стадионот.

Scroll to Top