Top Sport

Вилијамс им ги скрати платите на возачите, ги прати вработените на „социјално“

Вилијамс Ф1 потврди дека нивните возачи Џорџ Расел и Николас Латифи и главниот технички тим ќе добие 20 отсто намалена плата поради кризата со корона вирусот, додека поголем дел од вработените ќе бидат поставени на плата која ќе ја добиваат од британската влада.

Вилијамс е вториот Ф1 тим кој се одлучува за ваква мерка по Мекларен, и сега двата тима ќе ја искористат програмата на британската влада, која ќе плаќа 80 отсто од платата (до 2.500 фунти месечно) во следните три месеци.

„Вилијамс привремено ги поставува своите вработени на социјалната програма како дел од мерките за намалување на трошоците. Ова ќе трае до крајот на мај, додека главните инженери и нашите возачи од 1 април добиваат 20 отсто помала плата. Овие одлуки беа тешки за носење, но нашата цел е да се заштитат работните места на нашите луѓе и тие да се вратат на работа кога условите ќе дозволат“, објави тимот.

Формула 1 шампионатот, кој требаше да стартува во Мелбурн минатиот месец, има неизвесен старт, откако беа откажани Австралиското ГП и Монако ГП, а трките во Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија и Азербејџан се официјално само одложени барем до стартот на летото.

Scroll to Top