Top Sport

Мајката на Пеп Гвардиола починала од корона вирусот

Манчестер сити потврдија дека Долорс Сала Карио, 82-годишната мајка на менаџерот Пеп Гвардиола починала во Барселона од корона вирусот.

„Семејството на Манчестер сити објавува дека мајката на Пеп, Долорс Сала Карио почина во Манреса, Барселона откако беше заболена од корона вирусот. Сите во клубот му праќаат пораки на сочувство во овој тажен момент на Пеп, неговото семејство и нивните пријатели“, се вели во пораката од Сити.

Долорс беше мажена со таткото на Пеп, Валенти, и исто така е мајка на двете најстари сестри на Гвардиола и помладиот брат Пере, кој е фудбалски агент.

Пеп минатиот месец донираше милиони евра на фондацијата „Анхел Солер Даниел“ во Барселона, која е поврзана со лекарската комора на градот за борба против корона вирусот.

Scroll to Top