Top Sport

Вилијамс има нови сопственици

Дарлингтон капитал се новите сопственици на Формула 1 тимот, Вилијамс рејсинг. Дарлингтон капитал со своите инвестиции ќе се обиде на Вилијамс да му ја врати старата слава.

Вилијамс на почетокот на годината објавија дека бараат нов стратешки партнер. Од почетокот на мај до денес одборот на директори ги разгледал сите понуди што ги добиле од различни инвеститори.

Денес одборот на директори едногласно решил тимот да му биде продаден на Дарлингтон капитал.

Дарлингтон капитал е приватен инвестициски фонд со седиште во САД. Сопствениците најавиле дека ќе го задржат препознатливиот имиџ на тимот, дека ќе го унапредат работењето и дека ќе го задржат идентитетот на славниот тим.

Исто така, новите сопственици, потврдиле дека седиштето на Вилијамс ќе остане во Гров, Велика Британија.

Scroll to Top