Вилијамс ја разгледува опцијата за делумна или целосна продажба на Формула 1 тимот. Тимот, кој е трет на вечната листата на најуспешни во Формула 1, е основан во 1966 година од страна на Френк Вилијамс. Низ историјата Вилијамс има десет конструкторски и седум титули меѓу возачите.
„Френк секогаш на првото место ги ставал тимот, работата и нашите луѓе. Сега токму тоа го правиме“, рекла Клер Вилијамс, заменик директор во тимот и ќерка на Френк,
„Френк е запознаен со сите одлуки на Одборот и ја дава својата поддршка. Тој сака да обезбеди успех за тимот во иднина и се согласува дека ова е вистинското време за внатрешни инвестиции“.
Вилијамс неколку сезони се мачи во шампионатот на Формула 1. Минатата сезона овој тим заврши на последната позиција во конкуренција на конструктори.
Групацијата пријавила загуба од 15 милиони евра на крајот од 2019 година, за разлика од годината претходно кога имале речиси идентичен профит.