Top Sport

Вардар и во Лозана го загуби спорот за Максимов

Фудбалскиот клуб Вардар, пред Арбитражниот суд во Лозана, го загуби спорот со Тракаи. Литванскиот клуб го оспори трансферот на Максим Максимов кој во летниот преоден рок во 2017 година стана фудбалер на Вардар.

Судов во Лозана пресуди дека Вардар го добил Максимов на нелегален начин, односно за да го реализира трансферот требало на Тракаи да им испалти обесштетување од 50.000 евра.

Претходно поради „случајот Максимов“ Вардар од ФИФА беше парично казнет и доби забрана за трансфери во два предни рока. Црвено-црните ја одлежаа суспензијата, но оваа одлука на Арбитражниот суд само ќе ги зголеми проблемите во кои се наоѓа клубот.

Scroll to Top