Top Sport

Вилнев: Фетел може да напишe книга „Како да ја загубиш титулата“

Поранешниот светски шампион Жак Вилнев немаше милост за германскиот возач на Ферари, Себастијан Фетел, посочувајќи дека тој треба да напише книга со наслов „Како да ја загубиш титулата“.

Ова доаѓа по уште една грешка на Фетел на Јапонското ГП, кога се удри во Макс Ферстапен и заврши на шестото место, додека Луис Хамилтон победи и сега има 67 поени предност – може да ја освои титулата на следната трка во САД доколку победи а Фетел не биде втор. Ова беше шеста грешка за Фетел, кој беше лидер во првиот дел од сезоната, и 47-годишниот Вилнев немаше милост.

„Фетел може да напише книга за оваа сезона со наслов: ’Како да ја загубиш титулата’. Разликата меѓу него и Хамилтон е што Луис размислува за ситуацијата пред да направи агресивен напад. Но, тој веќе прифати дека е поразен уште минатата трка. Не е лесно да се разберат луѓето во Ферари – направија неколку грешки и се откажаа“, вели Вилнев.

Scroll to Top